Dark Mode Light Mode

Утрово во минус, денот до плус 21

Времето утрово е биде свежо, но преку денот не очекува сончево, со мала до умерена локална облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури се од -4 до 2, а максималната дневна ќе биде од 14 до 21 степен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 19 степени.

Реклама

Според УХМР и во понеделник времето ќе се задржи стабилно со дополнителен пораст на дневната температура. Од вторник ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Од среда ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови повторно намалување на температурата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Работнички го надигра Пелистер

Next Post

Состојба на патишта: Без гужви и по суви коловози

Реклама