Dark Mode Light Mode

Српски лекар тврди дека комата на пулмологот Ѓорчев не е последица на вакцината

Комата во која западнал македонскиот пулмолог Ангелко Ѓорчев по вакцинирањето во Ниш, Србија не е последица на примената вакцина. Ова за српската агенција Бета го изјави директорот на нишкиот Универзитетски клинички центар, Зоран Перишиќ.

-Анализите покажаа дека неговата состојба не е последица на примената вакцина. Неговата состојба е непроменета, изјави Перишиќ.

Лекарите ги елиминирале срцевите проблеми како причина за состојбата, бидејќи е направена коронарна ангиографија и се проверува состојбата на бајпасите што ги имал пациентот од претходно.

Реклама

За случајот со својот татко вчера информира и поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев на неговиот Фејсбук профил.

-Мојот татко Проф. Др. Анѓелко Ѓорчев е во длабока кома и се бори за животот на респиратор. Се надеваме и се молиме да му се подобри состојбата…Вчера рано наутро (недела) тргнал за Ниш да се вакцинира, затоа што неговата сакана Македонија тотално потфрли со вакцините. Појде на вакцинација заедно со неколку негови колеги доктори. Стар човек (роден 1948 година), со три бајпаса и три стента. Отиде за Ниш, затоа што цела година беше дома. Речиси без излегување, со минимум, минимум социјални контакти поради ковид кризата, напиша вчера Ѓорчев на Фејсбук.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Измените за одложување на пописот денеска на Влада, утре во Собрание

Next Post

20 илјади вакцини за постарите од 75 години, 4 илјади за МВР, АРМ, новинарите, судовите, ЈСП...

Реклама