Dark Mode Light Mode

И угостителите денеска и утре на вакцинација во Србија

Независната угостителска комора во соработка со стопанската комора на Србија за сите заинтересирани македонски угостители и угостителски работници, вклучувајќи ги и музичарите без разлика дали се членки или не се членки на некоја комора или здружение, обезбеди бесплатна вакцинација во Ниш денеска и утре од 08:00 ДО 20:00 часот.

Вакцинацијата ќе биде во Спортскиот центар „Чаир“, а информацијата ја објави коморатат на својата фејсбук – страница.

Инаку овој викенд наши државјани масовно се на вакцина-туризам во соседна Србија. Од информациите од домашните и од српските медиуми, но и објави на Фејсбук, се дознава дека голем број наши граѓани чекаат во ред на Белградски саем за да се вакцинираат според термините кои ги добиле преку индивидувална регистрација, но исто така и автобуси со наши бизнисмени се во Белград и Ниш каде ќе се вакцинираат.

Реклама

Први го скршија мразот новинари кои преку МАН минатата недела беа вакцинирани во Врање.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Вечерва во 20.30 часот: Кале, плоштадот, мостовите во мрак во чест на планетата Земја

Next Post

Вчера напишани над 90 сообраќајни казни - најмногу за брзо возење

Реклама