Dark Mode Light Mode

И сега на Конески коса би му се кренала

Колумна на Наташа Котлар – Трајкова:

Убаво е кога и светот оддава почит на македонските великани! Затоа кога по повод денот на поезијата и УНЕСКО во Париз му оддава почит на Блаже Конески, одбележувајќи ја 100-годишнината од неговото раѓање, потребно е да се потсетиме на неговите значајни мисли за јазикот и името – македонски. Имено, дека македонскиот јазик е нашата „единствена неподелена татковина“, а нејзиното име – Македонија е „големо и  ќе сакаат да ни го земат“! И навистина, сè што предвиде, се случи!

И доколку би бил жив, сигурно повторно би воскликнал: „како се измеша веков, косата да ти се крене!… Како да не бидам тажен штом гледам што е нашево сега, нашено минато“. А, тоа пак, памети автохтони и освојувачки легенди, безброј одгатнати и неодгатнати тајни, симболи и сведовштва, творечки патеки, борбени и ослободителни изблици на народот сè до слободна македонска држава (во рамките на југословенската заедница).

Реклама

Во повоените децении, македонската република, го доживеа можеби најживиот економски и социјален раст: изградба на инфраструктура и електрификација, пристоен животен стандард, евтин јавен превоз и комунални услуги, бесплатна здравствена заштита и образование, загарантирано право на работа, едномесечно платено отсуство и што е најзначајно висока стапка на писменост и втемелена македонска национална култура, но и наука.

За разлика од ова, крајот на 20 век, покрај независноста на македонската држава бележи нова, несреќна стварност. Политичка сива зона која се одликува со бесплоден плурализам, разбиена економија и раздадени природни ресурси, осиромашено население без чувство за вредности, девастирани државни и национални институции, многу проблеми од етно-демографска и надворешно-политичка природа. Стварност… косата да ти се крене!

Овде нема визија, а народот пропаѓа, залажувајќи се дека со политичката демократија, автоматски доаѓа и економската благосостојба. Убиствена самоизмама!

Овде приличи да потсетам на една Гетева мудроста, имено: „Еден народ не смее да мисли дека дошол крајот. Губењето на имотот, лесно се надокнадува, а за другите загуби времето нè теши. Само едно зло е неизлечиво – ако народот самиот ги крене рацете од себе!“

Затоа, одржувајте здрав разум и правилно расудувајте!

 

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Навалени бандери во село Бардовци, кабли висат скоро до земја...

Next Post

Србија го одложи априлскиот попис за октомври поради корона вирусот

Реклама