Dark Mode Light Mode

Снегот прави проблеми: Експлозија во трафо-станица, дрвја паѓаа врз автомобили…

Обилните снежни врнежи кои синоќа го зафатија Скопје направија проблеми во одредени делови од градот. Најтешко беше во населбата Железара каде синоќа паднато дрво предизвикало спој во трафостаница кој беше проследени со експлозија што ги вознемири жителите. Екипи на ЕВН веднаш биле на терен за отстранување на дефектот, а повик бил примен и во Противпожарна бригада на Скопје, од каде испратиле возило, но немало потреба од интервенција. За среќа, во инцидентот немало повредени лица.

-Околу 23 часот настанал спој на далековод и дрво во Железара кој бил проследен со експлозија. Веднаш, на местото на настанот се упатија и противпожарната единица и полицијата. За среќа, нема повредени, а во моментов надвор од употреба е трафостаница на чија санација веќе работат екипи на ЕВН, напиша на Фејсбук градоначалникот Борис Георгиевски.

Во Аеродром има неколку паднати дрвја, најмногу штета е направена при пад на едно дрво директно врз автомобил на булеварот Јане Сандански 36. Возилото е оштетено, и се чекаа служби да го тргнат дрвото кое буквално го поклопило. На подрачјето на општина Центар, пак, на улица „50 дивизија“ кај МВР голема гранка од исушеното дрво падна врз неколку автомобили. За среќа, не е предизвикано големо оштетување. Читатели ни пишуваат дека дрвја врз автомобили паѓале и во Кисела Вода…

Реклама

Овие случаи повторно го актуелизира прашањето околу отстранувањето на исушените дрвја по градот. Тие, посебно во вакви временски непогоди, претставуваат опасност како за граѓаните така и за автомобилите.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Врнежи од дожд и снег, температура до 4 степени

Next Post

Експлодира плинска боца во викендичка во Матејче, тешко повредени шест лица

Реклама