Dark Mode Light Mode
Рангирање на IQAir: Скопје е умерено загаден град
Со Одлуката Водно да биде заштитено подрачје ќе се запре урбанизацијата додека не се донесе план
МВР со детали за акцијата кај Велешта: „Тигрите“ ги уапсија браќата Бојку

Со Одлуката Водно да биде заштитено подрачје ќе се запре урбанизацијата додека не се донесе план

Со одлуката за прогласување на Водно за заштитено подрачје ќе биде предвидено запирање на урбанизацијата во подрачјето на Водно до донесување на Планот за управување, исткнале премиерот Зоран Заев и министерот за животна средина Насер Нуредини на средбата со активистите за заштита на Водно. Тие примија делегација на претставници на повеќе граѓански организации од сферата на заштитата на природата и животната средина, предводени од организациите „Го сакам Водно” и „О2″, како и повеќемина експерти од оваа област.

Според соопштението од Владата, претставниците на граѓанските организации и експертите присутни на оваа средбата изразија очекувања дека иницијативата за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје ќе ги земе предвид и аспектите на заштитната улога што ја има оваа планина за градот Скопје од поплави, ерозија на земјиштето и од пожари.

Претседателот на Владата Заев и министерот Нуредини нагласија дека иницијативата за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје се донесува врз основа на Законот за заштита на природата, кој е донесен по претходно усогласување со законодавството на ЕУ, и со кој се обезбедува интегрирана заштита на заштитените подрачја во корелација и со другите релевантни закони.

Реклама

-Со одлуката за прогласување на Водно за заштитено подрачје ќе биде донесен и План за управување на подрачјето и Просторен план кои по дефиниција ги опфаќаат сите пропишани мерки и активности за заштита на природата, а особено мерки за управување со просторот и утврдување на систем на мерки и активности за заштита од пожари и други природни катастрофи, меѓу кои и мерките за заштита од ерозија. Дополнително, во Одлуката ќе биде предвидено запирање на урбанизацијата во подрачјето на Водно до донесување на Планот за управување во кој ќе бидат прецизирани мерките за заштита и за интегрирано управување со заштитеното подрачје, се наведува во соопштението.

На средбата е истакнато дека одлуката за прогласување на Водно за заштитено подрачје сѐ уште не е утврдена во нејзината конечна верзија и дека процесот е отворен за сите сугестии и предлози во насока на најдобро решение кое ќе ги опфати сите аспекти за заштита на природата на планината, како и на другите аспекти за

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Рангирање на IQAir: Скопје е умерено загаден град

Next Post

МВР со детали за акцијата кај Велешта: „Тигрите“ ги уапсија браќата Бојку

Реклама