Dark Mode Light Mode

Прво нападнал медицинско лице, а потоа кршел инвентар по болницата

Гостиварец бил повикан на разговор во полициска станица откако вчера се однесувал агресивно во гостиварската Општа болница.

– Вчера околу 15 часот, во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош била примена И.Р. (78) од гостиварското село Сенокосе. Жената за кусо време починала на Интерното одделение. Набрзо потоа, нејзиниот 51-годишен син Б.Р. физички нападнал вработена на одделението и агресивно се однесувал. Б.Р. почнал да удира по инвентарот во внатрешноста на просториите, соопшти СВР Тетово.

Настанот бил пријавен во полициска станица по што увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Од СВР Тетово информираат дека во тек е расчистување на случајот и се преземаат мерки за негово расчистување.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ бара меѓународната заедница да ги „притисне“ СДСМ и ДУИ за локалните избори

Next Post

Од утре се враќа полицискиот час, ќе трае до 22 март

Реклама