Dark Mode Light Mode

Што стои во концепцијата за основно образование која Владата ја усвои?

Само со куса информација дека ја дала поддршката и дека ја усвоила Концепцијата за основно образование Владата соопшти дека на вчерашната седница расправала за овој документ. Наведено е дека во подготовката биле вклучени сите засегнати страни, се слушнале и се прифатиле стручни мислења од експерти, универзитетски професори, претставници од МАНУ, наставници граѓански и меѓународни организации. 

Со дел од усвоените стручни мислења, Концепцијата за основно образование во фокусот ги става учениците и нивното право на квалитетно образование. Концепцијата е во најдобар интерес на децата и во насока на создавање едуцирани и одговорни граѓани, стои во соопштението.

Како што соопштуваат посебно место во Концептот на основно образование има континуираниот професионален развој на наставниците насочен кон стекнување и пренесување нови знаења за практичниот аспект на работата според стандардите за квалитет на воспитно-образовниот процес согласно европските трендови.

Реклама

И толку. А што е конкретно прифатено, кои забелешки од јавната расправа се прифатени, а кои одбиени, не е познато.

Забелешки имаше многу и тоа сериозни и аргументирани од стана на скоро сите најрелевантни образовни институции. Се бараше дури и реформата да се стопира и реосмисли, но Владата решила да тера по свое.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Кој ќе ги чува зелените оази и смарт клупи во Скопје?

Next Post

Со „Совршената дадилка“ стартува манифестацијата „Месец на Франкофонијата“

Реклама