Dark Mode Light Mode

Викендот ги разузда возачите, 49 возеле пребрзо, 29 биле пијани…

Скопските возачи во текот на првиот ден од викендот значително ги кршеле сообраќајните прописи. МВР денеска соопшти дека во засилени акциски контроли на територијата на град Скопје вчера се изречени 199 мерки од кои 49 за управување со брзина поголема од дозволената, а 29 за возење под дејство на алкохол.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 23 од изречените мерки се за возење без возачка дозвола, 11 за нерегистрирани и технички неисправни возила, пет за поминување на затворен семафор (црвено светло), 12 за користење на мобилен телефон, седум за некористење на сигурносен појас, а 29 се санкции за непрописно паркирање.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, истакнуваат од МВР.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Лажни ПЦР тестови по цена од 100 до 800 евра кружат во регионот, апсења во Србија, Албанија, Македонија...

Next Post

Комити направија фешта откако во акцијата за спас на Вардар се продадени 32.000 билети

Реклама