Dark Mode Light Mode

И Ахмети не гледа проблем кај парламентарното мнозинство, вели „не“ и за предвремени избори

Парламентарното мнозинство е стабилно, нема ни предвремени парламентарни избори, ниту реконструкција на Владата.

Вака денеска одговори лидерот на ДУИ Али Ахмети на новинарски прашања на теми кои деновиве се актуелни во јавноста – колку е стабилно парламентарното мнозинство, со оглед на изјавите од опозициските партии дека може да дојде до формирање на ново.

-Парламентарното мнозинство функционира нормално, воопшто нема судири или разлики меѓу коалициските партнери. Секако дека има разлики за одредени теми, но добрата работа е што на крајот за сите прашања се постигнува консензус. Нема никаква тешкотија во функционирањето на оваа партнерство, коалиција и воопшто не се размислува и нема никаква причина за ново парламентарно мнозинство. Не е дискутирано и не се размислува за реконструкција на Владата, изјави денеска Ахмети, на настан по повод независноста на Косово.

Реклама

Неговите изјави се слични со оние на премиерот Зоран Заев кој и вчера порача дека предвремени парламентарни избори заедно со локалните нема да има, отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата дека парламентарното мнозинство е нестабилно.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ревизија: Од 10 препораки, спроведена е само една - активностите против загадувањето во 3 години се без ефект

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ: На локални само со терминали за отпечаток од прст, инаку бојкот

Реклама