Dark Mode Light Mode

Талат Џафери: Пратениците ги проверуваше ДИК, не знам кој бил осуден за силување

Собранието нема истражни и судски надлежности за да произлезе обврска на парламентот да истражува такви работи. Во ДИК преку процедура сите пратеници мора да потврдат дека немаат такви дела од соодветните судски инстанци, изјави денеска Талат Џафери, претседател на македонскиот парламент.

На брифингот со новинари тој така одговори на новинарско прашање за тоа дали во законодавниот дом се знае кој пратеник силувал жена, како што пред два дена тврдеше пратеникот Антонио Милошоски.

Пратеникот Милошоски од собраниската говорница кажа дека пратениците во Собранието имаат колега пратеник кој извршил силување на жена, казнет е за тоа, а сепак е на една висока функција.

Реклама

-Ова го кажувам затоа што за жал меѓу нас во Собранието има колега пратеник кој извршил силување на жена, казнет е за тоа, а сепак е на една висока функција. Името нема да го споменувам бидејќи не би сакал кај жртвата да будам било какви лоши спомени, рече Милошоски во текот на расправата по Предлог – законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ако Телеграм не ја избрише „Јавна соба“ апликацијата може да биде блокирана во земјава

Next Post

Германски виролог: Дури во летото 2022 година се ќе изгледа подобро со пандемијата

Реклама