Dark Mode Light Mode

Полицијата приведе 50 илегалци кои работеле како градежници кај Стара железничка

Полицијата откри 50 градежници, странци без регулиран престој, на градилиштето зад „Рамстор“ кај Стара железничка во Скопје. Сите педесетмина се приведени.

-Денеска во Скопје, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север при БЈБ – МВР спроведоа контрола на градежни објекти на странска фирма помеѓу булеварот ’Кирил и Методиј’ и улицата ’Јордан Мијаклов’ поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Република Северна Македонија. Притоа, на објектите биле затекнати околу 50 странски државјани кои немаат регулиран престој и кои работат непријавени. Тие биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат до МВР.

Нагласуваат дека ова се првичните информации, а на случајот сѐ уште се работи. Од МВР не прецизираат во која градежна компанија работеле градежниците и велат дека сѐ уште се работи на утврдување на деталите.

Реклама

Најголемото градилиште во овој дел на Скопје е на турската компанија „Лимак“ која се претставува како една од најголемите градежни компании во светот, а кај Стара желеничка треба да изгради подземна сообраќајница и голем станбено – деловен комплекс со четири дваесеткатници.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Меѓу 11 починати и 35-годишен скопјанец, 347 новозаразени и 378 оздравени од корона ворисот

Next Post

Удавен маж пронајден во водите на Пчиња

Реклама