Dark Mode Light Mode

Загадување има, мерки нема – се чека утрешниот дожд и ветер

И покрај тоа што мерните места за квалитет на воздухот во Битола 2, Кавадарци и Куманово покажаа дека е надминат прагот на алармирање на ПМ 10 честички, нема да бидат прогласени краткорочни мерки.

Според Информативниот центар за животна средина при ресорното Министерство причина е најавата на УХМР за дожд и ветер во наредните денови, бидејќи таа е една од клучните факти кои се земаат предвид пред прогласување на овие мерки.

Изминатите неколку дена, преку веб-страницата каде се регистрираат параметрите за квалитет на воздухот на Министерството за екологија, може да се забележат високи и многу високи вредности на отровните ПМ10 честички и тоа во Центар, карпош, Лисиче, Гази Баба, Ѓорче Петров во Скопје и во Тетово, Гостивар Велес, Кавадарци.

Реклама

Надминувањето на прагот на алармирање (над 188 μg/m3 во текот на два последователни денови) повлекува краткорочни мерки: препорака за ослободување од работа на бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, реорганизација на работното време и лицата кои работат на отворено, да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба…

Освен прогнозата за утрешниот ден (дожд, ветер и снег), дополнителен момент да не се воведат краткорочни мерки поради загаден воздух се и мерките за заштита во пандемија, поради што голем дел од ризичните групи секако не одат на работа, а нема ниту манифестации на отворено, бидејќи се забранети собири.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ковид-19 во 24 часа: 14 починати, 307 новозаразени и 658 лица кои ја победија болеста

Next Post

Ако и „Скопје смарт сити“ биде направен како и тунелот под Кале...

Реклама