Dark Mode Light Mode

Повеќе нема да се лекуваат пациенти со коронавирус на очна и на клиниката за уво, нос и грло

Ковид центарот на Клиниката за Очни бочести од вчера е затворен.

Од Министерството за здравство информираат дека во текот на денешниот ден ќе се префрлат и останатите 4 пациенти од центарот на Клиниката за уво нос и грло и во текот на денот и тој центар ќе биде затворен.

Инаку во Скопје во моментот хоспитализирани се 283 лица, од кои 30 во последните 24 часа.

Реклама

„Бројот на приеми во изминативе денови во глваниот град е стабилен и утрово до 8 часот имало 163 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, велат од Министерството.

Голем дел од пациентите кои се лекуваат во Скопје се на кислородна поддршка.

Што се однесува до другите градови, во моментот во болниците се лекуваат 359 пациенти.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 27 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 22 пациенти, во Велес се лекуваат 30 болни, а во Куманово 54 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 40 во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 13 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 27 пациенти, во Кочани 3 во Кичево 13, Кавадарци 22, во Гевгелија 7 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели низ целата држава е 620 и има околу 621 празен болнички кревет во ковид центрите.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

На Царовска и фали поддршка за реформата па ја најде во „меѓународната заедница“

Next Post

Казни за 203 возачи, 19 возеле без возачка дозвола

Реклама