Dark Mode Light Mode
Заврши расправата за законот за попис, ќе се гласа дополнително
Николовски: Ако се усвои законот за попис, ќе го повикаме македонскиот народ да собере потписи за негово поништување
Градоначалниците мораа да и стават петка на Царовска, а институциите...

Николовски: Ако се усвои законот за попис, ќе го повикаме македонскиот народ да собере потписи за негово поништување

Прво бараме предложениот закон за попис да биде повлечен, но доколку сепак биде усвоен ВМРО-ДПМНЕ ќе го повика македонскиот народ да собере што поголем број на потписи со цел тој да се поништи, изјави вчера потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, Тој потенцира дека пописот мора да се одложи како што тоа е направено во повеќе земји – Германија, Ирска, Романија, Србија и други заради корона кризата. Вториот проблем е дека власта сака да спроведе политички, а не реален попис, а треба да се знае дека пописот е статистичка операција.

-Значи колку луѓе живеат на оваа територија, а не колку државјани има Македонија, колку пасоши поделила. Затоа што вие можете да имате пасош, но да си живеете во Германија, САД, Австралија. Власта тоа не сака да го направи затоа што има политички договор. На пример ние ВМРО-ДПМНЕ баравме тоа да се прави со отисок на прст како за пасош или лична карта. Не можам да кажам повеќе за тоа дали во пописот ќе има графи или не знам што, бидејќи во законот кој го предлагаат не доставија методологија. Методологијата ќе се усвои еден месец откако ќе се усвои законот. Тоа значи дека ќе прават политички попис. Затоа ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, прво бараме овој закон за попис да биде повлечен, но доколку сепак биде усвоен ВМРО-ДПМНЕ ќе го повика македонскиот народ да собере што поголем број на потписи со цел да се поднесе закон во македонското Собрание, од минимум 10 илјади потписи, со кој што закон ќе се побара да се поништи претходно донесениот закон за попис. Доколку и на тоа власта се спротивстави и реши по секоја цена да прави попис, резултатите од тој попис ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признава, дециден е Николоски.

По промената на власта ВМРО-ДПМНЕ ќе направи ревизија во Заводот за статистика и за да се види како бил спроведен пописот и пред македонската јавност ќе ги презентира реалните, а не фингираните бројки.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заврши расправата за законот за попис, ќе се гласа дополнително

Next Post

Градоначалниците мораа да и стават петка на Царовска, а институциите...

Реклама