Dark Mode Light Mode

Матичните лекари добија протокол за лекување со Ивермектин, ќе следат и консултации со клинички доктори

Направени е и дистрибуиран протокол за употреба и препишување на лекот Ивермектин откако вчера матичните лекари се пожалиле дека не знаат како да им го издаваат на пациентите со Ковид-19. Министерството за здравство денеска информира дека стручниот колегиум за ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и Ковид 19 центрите при интернистичкиот блок го изготвил ова стручно мислење.

-Протоколот преку Лекарската комора во текот на вчерашниот ден беше испратен до матичните лекари. До крајот на неделата Лекарската комора ќе организира и онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат пртоколите, а веќе следната недела ЛК ќе организира онлајн дискусија со клиничките доктори (лекарите кои работат во болниците) за употребата на лекот, се наведува во информацијата.

Овој лек кој помага во справувањето со корона вирусот од вчера може да се најде во аптеките по цена од 299 денари. Меѓутоа, тој се издава исклучиво со лекарски рецепт и се применуваат одредбите за издавање на розев рецепт.

Реклама

-Апелираме граѓаните на своја рака да не го пијат лекот Ивермектин, бидејќи единствено лекар може да утврди дали постојат индикации за користење на лекот и доколку постојат во која доза и во комбинација со кои други лекови може да се користи Ивермектинот, потенцира Министерството за здравство

Денеска и министерот за здравство Венко Филипче предупреди на внимателност.

-Овој лек е ефикасен за Ковид-19 и треба да се зема ислучиво по препорака на матичен лекар, рече Филипче.

Од Министерството за здравство претходно посочија дека „ивермектинот“ се препорачува кај ризични групи – работници коишто имаат висок ризик да заболат, луѓето коишто биле во допир со заболен – потврден контакт и кај луѓе коишто се заболени. Кај трите групи граѓани има различна индикација и различно дозирање затоа е важно апликацијата да биде под контрола на лекар.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Среќно браќа, одбојкарите ги испраќаат ракометарите на СП

Next Post

Мицкоски: Повлекување на законот за попис или ќе се собираат потписи на граѓани за негово поништување

Реклама