Dark Mode Light Mode

Кој ќе ги среди дивите населби кај Керамидница од двете страни на Вардар?

Градоначалникот на Аеродром се фали со садење дрвца, скопскиот пак дека го чисти снегот што инаку го нема низ скопските улици, но кој да ги „исчисти“  дивите населби од страните на реката Вардар, и од делот на Аеродром и од кај Керамидница?

Ваков одговор бараат скопјани со години,особено оние кои живеат во нивна близина.
-Со месеци не можам да си го продадам станот оти веднаш зад мојата зграда, односно терасата моја гледа во дивите населби, од каде прво се шири страшна смрдеа, постојано чади и зиме и лете, а и трешти гласна музика… Овде јас повеќе не можам да живеам, а камо ли некој друг да купи стан. Мојата зграда ќе остане така, бидејќи луѓето кога ќе дојдат да ги гледаат становите и излезат на тераса, се предомислуваат во секунда, објаснува за „Скопско ехо“ Игор Н. кој живее во зграда од страната на Аеродром.

Реакции не само од жителите на зградата туку и од сите во населбите има многу долго време. Различни ветувања се правеа но никој не ги дислоцираше населбите и не им најде солуција.
-Кога ќе речат дека направиле ова или она, било кој oд градоначалниците, особено на Аеродром и на Скопје, веднаш излегувам на тераса, го чувствувам чадот и смрдеата, и брзо се присетувам дека апсолутно ништо никој не направил, вели нашиот соговорник.

Реклама

Тој се надева сепак, дека крајот на мандатот на двајцата градоначалници ќе ги натера да демонстрираат одговорност, па остануваат следните неколку месеци да покажат дали воопшто нешто ќе сработат во врска со дивите населби, за доброто и на тие што живеат таму, но и за околните жители.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

345 нови случаи на коронавирус, починаа 8 лицa

Next Post

Аудио-визуелно патување „Како што е“, онлајн, на 15 јануари

Реклама