Dark Mode Light Mode

Променливо облачно со температура до 13 степени

Во Скопје, денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Во земјава времето денеска наутро во некои делови од Македонија ќе биде магловито, а преку ден променливо облачно со сончеви периоди, особено на истокот. Во крајните западни делови ќе биде пооблачно и ќе има појава на повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 2 до 7, а дневната од 6 до 13 степени.

За следните денови синоптичарите најавуваат променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди повеќе на исток и со умерен до засилен јужен ветер, а во крајните западни делови повремен дожд и снег на повисоките планини. Во текот на ноќта кон четврток и претпладнето ќе има повремен дожд кој во попладневните часови на места во западните делови ќе преминува во повремен снег на повисоките места.

Реклама

За време на новогодишната ноќ во најголемиот дел од земјата ќе биде суво, освен во крајните западни делови каде што ќе биде пооблачно со услови за појава на слаб дожд и снег на повисоките места

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Премиера на „Диши“ денеска во Драмски театар

Next Post

МВР распиша конкурс за 600 полицајци, за Скопје се предвидени 100

Реклама