Dark Mode Light Mode

Секој втор возрасен во Македонија пуши и тоа во просек по 20 цигари дневно

Скоро половина од возрасни луѓе во земјава, односно 48,4 проценти користат тутун, а дневно просечно пушат по 20 цигари. Со тоа Македонија е меѓу првите 10 земји во светот, покажала анализата „Потрошувачка на тутун и тутунски производи во Северна Македонија“ што ја објави Аналитика Тинк-Тенк.

Анкетатата покажала дека процентот на пушачи е 57,9 кај мажите и 39,0 кај жените.

-Процентот на пушачи се зголемува со возраста, достигнувајќи го својот врв на 45-54 години. Нашата држава е лидер во регионот по потрошувачка на цигари по најниска цена и многу малку се прави за надминување на проблемот со пушењето, без разлика дали станува збор за законски решенија, покачување на акцизите или за кампањи за подигнување на јавната свест, изјави Тамара Мијовиќ Спасова од Аналитика.

Реклама

Просечната цена на кутија цигари во Македонија е 1,7 евра, во регионот на ЈИЕ е околу 2,1 евро, додека европското ниво е 4,9 евра, што го потврдува фактот дека сме држава со најниски цени на цигари во регионот. Во европските земји, стапка на пушачи во вкупното население е далеку пониска, во ЕУ просекот е 29 отстро, во Шведска таа изнесува 8,7 проценти, а во Грција и Бугарија  27 отсто.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Добро е, од визбеговската депонија ќе се чистат 50.000 кубни метри шут и отпад

Next Post

„Јас не ја разбирам Мила“, „Цезар не е само салата“- студентска опомена за образовната реформа

Реклама