Dark Mode Light Mode

25-годишно момче загина по излетување со мотор на скопската обиколница

Излетувањето од патот со моторот кој го возел синоќа било кобно за 25-годишно момче од Скопје. Полицијата соопшти дека несреќата се случила на скопската обиколница.

-На 23.12.2020 во 21.00 часот на автопатот Скопје – Тетово, на обиколница на град Скопје, после клучка Мирковци, Д.З.(25) од Скопје, управувајќи мотоцикл „Априлија“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. По незгодата Д.З. бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им подлегнал на повредите, соопшти полицијата.

Извршен е увид на местото на незгодата, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Спасовски: Казната од 45 евра за возачот на „Бентли“ не е доволна

Next Post

Во скопските ковид-центри примени 27 нови пациенти, оздравеле 35 лица

Реклама