Dark Mode Light Mode

„Левица“: Златко Марин расипнички ја води општина Аеродром и не се разликува од претходникот

Градоначалник Златко Марин и неговата администрација расипнички ја водат општина Аеродром, обвини на денешната конференција за печат Дарко Масларковски, член на Централниот комитет на партијата Левица. Масларковски кој е и модератор на локалниот огранок на оваа опозициска партија за општина Аеродром, рече дека иако Марин ветуваше дека ќе се разликува од претходните, од неговите предизборни ветувања за капитални проекти нема ништо.

-Нема нов младински културен центар, нема средно училиште, рекордери сме во загаден воздух во цела Македонија и скоро нема никаква поддршка за младите од општината. Наспроти тоа има баснословни суми на тендери и јавни набавки – половина милион евра за чешмички и фонтани и нешто што последно ја вознемири јавноста во Аеродром, во време на корона криза – тендер од 1.577.000 денари (скоро 25 илјади евра) на бина, лед дисплеј осветлување. На таква бина би подзавиделе и светските ѕвезди, потенцира тој.

Според Масларковски, со ова СДСМ и градоначалник Марин докажуваат дека не само што не се разликуваат од нивните претходници туку ги имаат и надминато.

Реклама

-Ваков начин на водење општина и држава Левица нема да толерира. Ниту еден денар пари не смее да се одлева, Ние не сме богата земја за да можеме да си дозволиме да ги храниме и да ги богатиме елитите. Затоа повикуваме во општината да почнат да работат совесно и да работат за сите граѓани, рече Масларковски.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Реформа: Тројца наставници за еден школски предмет, ќе се договараат за секоја оценка

Next Post

Шилегов: Може да имате план за вработување и да не реализирате ништо- скопјани скептични

Реклама