Dark Mode Light Mode

Кои се банките чии сопственици си купувале нивни акции со кредити од истите банки?

Под лупа на Финансиска полиција се уште две до три банки, кои постапувале слично како Еуростандард банка, изјави вчера директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми, во емисијата „24 анализа“.

-Разликата е што во Еуростандард се давани кредити без обезбедување, а во другите банки, кои исто така давале кредити на сопствениците за купување акции во истите банки, со заложно право е обезбедено покритие, објасни Муареми.

Тој не соопшти за кои банки конкретно станува збор. Прашање е дали Народна банка ќе реагира по оваа изјава на Муареми.

Реклама

Во врска со случајот Еуростандард банка рече дека постапуваат по наредба на Јавното обвинителство. Кога почнале да истражуваат, како што нагласи, во самата банка и добиените банкарски сметки на одредени фирми, со дадени ризични кредити, утврдиле голема мрежа, односно дека не се 140 фирми, туку повеќе.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нови казни за возење без возачка низ Скопје, утре ќе има ли пак?

Next Post

Здравствени специјализанти испратија писмо до Заев и Филипче, ги потсетија дека се заборавени

Реклама