Dark Mode Light Mode
Обвинет возачот кој во пијана состојба со 91-километар на час прегази дете и маж во Трубарево
Брисел ќе чека Нова Година без заклучоци за проширување, Чешка и Словачка не го прифатија бугарското „погрешно толкување на историјата“
Скопјани: Не делете совети што ако не касне куче, соберете ги од улица, отворете нов стационар!

Брисел ќе чека Нова Година без заклучоци за проширување, Чешка и Словачка не го прифатија бугарското „погрешно толкување на историјата“

Ако до крајот на годината не се случат промени и нови компромиси со кои заклучоците за проширувањето ќе бидат усвоени од сите земји-членки во Советот на ЕУ, ќе се случи оваа година да заврши без заклучоците кои речиси редовно биле донесувани. Дипломатите во Брисел не паметеле кога тоа за последен пат се случило.

Не, дека ако го имаше заклучокот нешто и конкретно ќе се работи во Брисел во правец на проширување на Унијата освен одржување многу состаноци, давање ветувања и поставувања на нови и нови услови за земјите кандидати, но ете… и во Македонија не паметат дека го немало многу важниот заклучок.

Инаку, заклучокот го нема поради вчерашна принципиелна блокада од страна на Чешка и Словачка. Дипломатите во Брисел, како што јавува државната агенција МИА, и денеска не се усогласиле откако Чешка и Словачка оценија дека текстот оди предалеку во мешањето на билатералните спорови и во наметнување на историја на други народи. 

Реклама

По месеци напорни дискусии со Бугарија околу вметнувањето на параграф кој гласи дека Договорите со Грција и Бугарија треба да им стават на крај на барањата поврзани за „погрешното толкување на историјата“, германското претседателство попушти на почетокот на оваа недела и прифати да се внесе реченицата. Иако до последен момент амбасадорите мислеа дека работата е завршена се огласија шефовите на чешката и словачката дипломатија вчера и побараа да се блокираат овие заклучоци сѐ додека прашањето не биде дебатирано на министерско ниво. Братислава и Прага обвинија дека оваа реченица е еднаква на „фалсификување на историјата“ и потсети дека не е на ЕУ да суди како се идентификува една земја, ниту кој јазик го говори и предупреди дека ваква реченица претставува опасен преседан за процесот на проширување понатаму, поради што тие не се во можност да дадат согласност за овие заклучоци.

Според дипломатите во Брисел барањето на Чешка и Словачка не е примено со незадоволство и се изразува разбирање за нивниот став, освен во Софија.

Следниот состанок на кој ќе се разговара за проширувањето ќе биде идната година, под португалско претседателство. Тогаш ќе видиме дали ЕУ е за проширување на Унијата или за проширување на условувањата на земјите кандидати. 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Обвинет возачот кој во пијана состојба со 91-километар на час прегази дете и маж во Трубарево

Next Post

Скопјани: Не делете совети што ако не касне куче, соберете ги од улица, отворете нов стационар!

Реклама