Dark Mode Light Mode

Магла, ниска облачност…

На скопското подрачје денеска претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, која во текот на денот ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 8 степени.

На останатото подрачје на Македонија времето ќе биде умерено облачно со слаб ветер од јужен правец. По котлините претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, кои по одделни котлини ќе се задржат и во текот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Следува период на стабилно и суво време. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Температурите ќе бидат без промена.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

„Травијата“ вечерва и во петок во Националната опера и балет

Next Post

Бегале од полицијата, во багажникот имале 100 килограми марихуана

Реклама