Dark Mode Light Mode

Заев: Граѓаните кои вистински се грижат, да ги осигурам дека никој не преговара за македонскиот идентитет и јазик

Премиерот Заев денеска упати збориви со кои сака, како што рече, да ги  осигура граѓаните дека нема преговори на штета на македонството.

-За сите граѓани кои вистински се грижат, да ги осигурам дека никој не преговара за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик. Тоа е наше право на самоопределување, изјави Заев при престој во Неготино, пренесува МИА.

Тој додал дека нашиот јазик е признат во светот и дека ние сме Македонци и такви, како пријатели на Република Бугарија и бугарскиот народ, треба да продолжиме да го градиме пријателството.

Реклама

– Ставот е јасен за сите. Ние сме самостојна нација, која што се развила како што се развивале паралелно сите други нации. Нашиот јазик е исто, како и другите јазици од словенско потекло. Потекнуваат од старословенскиот јазик, од старословенската култура, преку развивање на глаголицата од свети Кирил и Методиј и кирилицата од нивните наследници свети Климент и Наум Охридски, се равивале јазиците. Имаме точно, дел од заедничка историја, која што ги поврзува двата народа и двете држави, од каде буквално се создаваат и македонскиот и бугарскиот јазик, па и српскиот и сите други словенски јазици, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања по промоција на фотонапонска централа во Неготино.

Тој објасни и за што се преговара со бугарската страна.

– Преговараме за работите од каде почна проблемот. Долгото и краткото име. Дали Македонија има аспирации кон Бугарија или не. Утврдивме, како што го решивме во НАТО, така и во ЕУ, преку нота, во која потврдуваме дека Македонија нема територијални претензии и за мешање во внатрешните работи и малцинските права, затоа што и Бугарија нема и тоа е меѓународно регулирано, рече Заев.

Се разговара, нагласи тој, за стопирање на говорот на омраза, за фази и акциски планови за поуспешно имплементирање на Договорот.

– Секако решението за јазикот, затоа што во преговарачката рамка се упатува на преведување на акито на македонски јазик и тука дојде реакцијата од страна на Бугарија. Ние го имаме решението и тоа за Бугарија македонскиот јазик значи македонски јазик согласно Уставот, за ЕУ македонскиот јазик е чиста работа. За нас бугарскиот јазик значи бугарски јазик согласно Уставот на Бугарија. Ама во 21 век да ставаме вакви билатерални клаузули навистина не е во ред и убаво е да се направи исчекор од страна на Бугарија, која што неколку пати кажува дека ја прифаќа реалноста, го признава македонскиот јазик и народ, но ајде да го утврдиме минатото, изјави Заев.

Посочи дека разговорите треба да продолжат без разлика на исходот на 10 или 18 декември, кога треба да се донесе одлуката.

– Сепак стратегија на држвата е дека треба да продолжиме да разговараме. Во најмала рака да создаваме атмосфера и да отстрануваме пречки за следното лето, но ако може тоа да го постигнеме и сега би требало да правиме максимални напори до последниот момент, изјави Заев.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

На лов во битолско смртно застрелан 35-годишен ловџија

Next Post

Манифест на МАНУ, МПЦ-ОА и УКИМ: Да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност

Реклама