Dark Mode Light Mode

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не може да обезбеди иднина во СДСМ, а не пак на сите граѓани

– Заев не може да обезбеди иднина во СДСМ, а не пак на сите граѓани, неговото во политиката завршува како што и почна со предавство и понижувања донесени на целиот народ. Потребата да пишува дека е Македонец кај Заев се јавува зошто продава се друго. Попусто се пишува Македонец ако тоа не е признаено од соседите и ако продава јазик, историја, идентитет, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, четири години Заев е власт и четири години немаме мрднато на полето на евроинтеграциите. Четири години е власт и Заев нема идентитетско обележје кое не го има донесе под прашање.

– Сега оваа битка на Заев е да ја сочува фотелјата во СДСМ. Внатрешните проблеми сака да ги прикаже како проблеми на државата. Изворот на сите проблеми е Зоран Заев. Премиерот во заминување Заев и неговата квислиншка влада мора да паднат за да Македонија почне да победува. Нема друг премиер во светот кој молчи на навредите од официјални лица од други земји како што тоа го прави Зоран Заев. А, молчи зошто квинслингот Заев има путер на главата. Затоа што игра нечесно и се коцка со светите работи на народот. Доста е, Заев мора да си оди за да дојде слобода за народот, се вели во соопштението.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Денеска умерено облачно, утре на планините снег

Next Post

Скопјанец го фатиле среде секс со малолетничка во хотел

Реклама