Dark Mode Light Mode
Тешко повредена 20-годишна скопјанка, ја удрил автомобил
Премиерот за Претседателот: Пендаровски не е толку искусен политичар како Зоран Заев!
Судот му го замрзнал целиот личен имот на Трифун Костовски

Премиерот за Претседателот: Пендаровски не е толку искусен политичар како Зоран Заев!

Во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС премиерот Зоран Заев бил прашан и дали се оградува од изјавата на македонскиот претседател Стево Пендаровски дека „Бугарија е живковистичка држава“ бидејќи, како што рече бугарскиот новинар, „Претпоставувам знае дека Тодор Живков 30 години не е на власт“.

Еве како одговорил Заев:

-Се разбира дека Претседателот знае. Верувајте, претседателот Пендаровски е пријател на Бугарија. Не е толку искусен политичар, како што е Зоран Заев. Затоа што пред тоа работел со нашите претседатели Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, беше национален координатор за НАТО во мојата влада. Тој е сериозен општественик и е ангажиран целосно на пријателството со нашите соседи и со Република Бугарија и секако на нашата интеграцијата во НАТО и ЕУ. Некој пат, верувам дека и јас, не само тој, не сме доволно внимателни со зборовите. Ви кажувам отворено, дека во неговата душа и неговиот памет, е комплетно желбата и сонот за големо пријателство кое треба да го доизградиме и тој е голем поддржувач на договорот помеѓу Македонија и Бугарија, објаснил Заев на бугарскиот медиум што мисли за претседателот Пендаровски.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Тешко повредена 20-годишна скопјанка, ја удрил автомобил

Next Post

Судот му го замрзнал целиот личен имот на Трифун Костовски

Реклама