Dark Mode Light Mode

Дефект во трафостаница предизвика прекин на струјата во поголем дел на Скопје

Поголемиот дел од Скопје  денес околу пладне останаа без струја. Од ЕВН објаснуваат дека дефектот е во трафостаница на МЕПСО, од каде што добиле струја со висок напон, поради што снабдувањето автоматски било прекинато за да не се случи оштетување на мрежата. Снема струја во делови од Центар, Капиштец, Тафталиџе, Козле и од Ѓорче Петров.

– Од МЕПСО добивме струја со повисок напон и се вклучи заштитата поради што беше блокирано снабдувањето со струја. Технички не е можно во мрежата на ЕВН да се извшри прием на струја со повисок напон. Во нашата мрежа нема дефект, но струја нема оти чекаме да се стабилизира напонот на струјата што ја добиваме од МЕПСО, објасни Ленче Карпузовска, менаџер на одделот за маркетинг и комуникации во ЕВН.

Одредени делови, во кои снема струја, веќе се приклучени на системот. Од ЕВН уверуваат дека како ќе паѓа напонот на струјата што ја добиваат од МЕПСО, така корисниците повторно се поврзуваат. Во некои населби прекинот траел 15 минути, а други сè уште чекаат да им дојде струја.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ракометарите на Еурофарм Пелистер им гостуваат на Рајн Некар Левен

Next Post

„Пајакот“ во Центар за една недела собрал 125 возила, на 101 ставени блокатори

Реклама