Dark Mode Light Mode

Македонија ја совлада Естонија за прво место во групата

Македонската фудбалска репрезентација, само неколку дена по легендарната победа во Грузија и пласманот на Европското првенство, стигна до нова победа, овојпат со 2:1 над Естонија за да се заддржи првото место во групата 2 во Ц-Лигата на нации на УЕФА.

Натпреварот почна без Горан Пандев, Аријан Адеми, Езѓан Алиоски и Столе Димитриевски. Сепак за селекторот Игор Ангеловски и останатите репрезентативци не беше неважно да се победат Естонците, кои не намачија за 3:3 реми во првиот меч. Победата беше императив за да го заддржуваме првото место и имаме шанса да влеземе во Лига Б следната сезона.

Во релативно неинтересното прво полувреме, сепак, најубавите шанси беа на македонските репрезентативци. Иван Тричковски, овојпат како капитен на тимот, во 29. минута од мечот со прекрасен гол донесе водство за „рисовите“, пред неколку минути подоцна да има уште една шанса која ја одбрани добриот гостински голман Карл Хајн.

Реклама

Изненадувањето пристигна во второто полуврем откако Рауно Сапинен во 52. минута од мечот постигна фантастичен гол со лоб удар. По влегувањето во игра на Костадинов и Стојановски во 59. минута се крена темпото на игра и се нижеа напади на голот на Естонците, каде што Хајн беше одличен. За среќа Стојановски во 68. минута, конечно, го скрши отпорот на гостите, по една одлична асистенција на Елиф Елмас. И по ова имавме неколку убави шанси преку Стојановски и Љупче Дориев, но резултатот остана ист.

ЛИГА НА НАЦИИ, ЛИГА Ц, ГРУПА 2

Македонија – Естонија 2:1

Грузија – Ерменија 18.00 ч.

Табела: 1.Македонија 9, 2.Грузија 6, 3.Ерменија 5, 4.Естонија 3

Инаку, од 18 часот играат Грузија и Ерменија. За нас сега следува гостувањето кај Ерменија во среда, каде што ќе се одлучува дали ќе успееме да влеземе во Лига Б, каде што би не чекале многу посилни репрезентации.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Регистрирани 990 новозаразени, починаа 24 лица

Next Post

Скопјани: Додека се препукувате со приказните за „Курто и Мурто“, се угушивме - Не ви проаѓа!

Реклама