Dark Mode Light Mode

Маглата ќе го крие сонцето до пладне

Во Скопје  и околината утрово и во претпладневните часови ќе биде магливо, а околу пладне и попладне сончево. Утринската температура се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 14 Целзиусови степени.

На останатото подрачје на Македонија се очекува сончево време со мала локална облачност. Претпладне по одделни котлини има појава на магла и ниска облачност. Утринската температура се движи од минус 3 до 3, а дневната од 14 до 20 Целзиусови степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно и суво време со слаб ветер што ќе услови појава на магла и ниска облачност по одделни котлини, особено во ноќните и претпладневните часови.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Почина македонската поетеса Марија Станкова

Next Post

Вело Марковски: Непотребна и штетна е терапијата со „сумамед“ за болните од вирусот

Реклама