Dark Mode Light Mode

Заврши одбележувањето на „Денови на Општина Центар“

Со делењето на 150 пакети со хигиенски и прехранбени производи на семејствата со висок социјален ризик, заврши одбележувањето на „Деновите на Општина Центар“. Општина Центар и невладината Банка за Храна Македонија секој месец на 150 семејства со висок социјален ризик, во соработка со маркетите Рамстор, Кам, Веро, Тинекс, Жито Маркети, Стокомак и Гранап, им делат пакети со основни намирници, кои на овие семејства им се најпотребни.

Во рамки на одбележувањето на „Деновите на Општина Центар“, а врз основа на претходно утврдени критериуми, општината додели вкупно 100 стипендии на ученици од општинските основни училишта во неколку области – наука, култура и спорт.

Реклама

“Затоа што сите деца се важни и секое дете има право на пристап до квалитетно образование, дополнително, со годишни стипендии поддржавме и наши ученици кои доаѓаат од семејства со висок социјален ризик“, додаде градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Со цел овозможување на пристап до квалитетен и безбеден процес на образование во време на пандемија на КОВИД 19, Општина Центар, во соработка со неколку општествено-одговорни компании, на општинските основни училишта имдонираше 60 преносливи компјутери наменети за полесно одржување на онлајн наставата.

Општина Центар како досега, ќе работи на подигнување на квалитетот на образованието и ќе ги поддржува своите ученици во нивните идни животни предизвици и подвизи.

По повод роденденот на Општина Центар, 3-ти ноември, со почитување на сите мерки од надлежните институции, како знак на општествено признание за особени постигнувања во областите на стопанството, уметноста, образованието и други области од трудот и творештвото, општинатаи оваа година ја додели наградата Феникс.

Добитници на наградата се: Кристина Неделковска, за постигнувања во спортот – бодибилдинг, Катерина Ќетковиќ Фидановска, за постигнувања во образованието, Ксенија Серафимовска, за постигнувања во природните науки, Леонид Петрески, за постигнувања во шахот, Тијана Огњаноска, за постигнувања во природната наука – биологија и Лука Дворник, за постигнувања во спортот – пинг-понг. Наградените добија дипломи и пригодни парични награди.

Општина Центар, под мотото: Хумана, Одговорна, Отчетна и Зелена – општина по терк на граѓаните, од 2.11. до 6.11. ги одбележува „Деновите на Општина Центар“.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Притвор заради трговија со дрога

Next Post

Арачиновец приведен, возел мигранти меѓу кои и малолетници

Реклама