Dark Mode Light Mode

За спречување на загадувањето нема политичка волја, нема средства, но и знаења

Со Невена Георгиевска, активист од „О2 – Иницијатива“ зборуваме за загадувањето на воздухот во претстојниот период и дали надлежните доволно направија да се намали овој голем проблем на Скопје.

 Каква ситуација може да очекуваме во претстојниот зимски период во однос на загадувањето на воздухот во Скопје?

– Со сигурност престојните зимски денови ќе бидат денови со загаден воздух над дозволените граници, и оваа зима нема многу да се разликува од претходните години. Изворите на загадување се повеќе и со оглед на тоа што скоро ништо не се прави на нивно намалување и сузбивање нема да имаме големи промени. Единствено нешто што може малку да ја подобри ситуацијата е ветар, за среќа изминативе 2 години имавме повеќе такви денови па немавме многу долги периоди над 10 дена со загаден воздух, па и помалку загадени денови. Дури и во случаи да имаме намалување на сообраќај или др. ристрикции заради нови мерки со пандемијата, големо намалување нема да има.

Реклама

Дали надлежните државни и градски органи презеле доволно мерки за да аерозагадување биде намалено доволно?

– Не, за да имаме и малку намалување потребни се многу подрастични мерки и посеопфатни издржани решенија. И доколку се презела одредена мерка кон 1 извор на загадување, кон друг воопшто ништо не се презема или па се преземаат такви активности што дури и ја влошуваат ситуацијата. Гасификацијата –доцни, само се исекоа непотребно квалитетни дрва, наместо да имаме тенденција на намалување на сообраќај од центарот на градот и пренасочување на заообиколница, имаме проширување на улица, дозволен увоз на дизел возила кои се отпад за Европа итн. Ништо не е сторено во поглед на воспоставување на систем за управување со отпад според законските стандарди, со постојаното непланско градење имаме нови жители, дополнително отпад – нови депонии, нови социјални случааи што се приморани да се греаат на секаков отпад заради гола егзистенција. Од оние малку мерки што се преземаат – субвенции за клима -инвертор очекувам да се направи реална анализа колку пред и после во одредени делови каде имало поголем одзив е намалено загадувањето и врз осова на тоа за следниот период да се изготви план како и со колку да се оди за да имаме повидливи резултати. Но, во вкупното загадување во градот не очекувам голема промена.

Што е најнепоходно и најургентно да се преземе?

-Мора повеќе работи паралелно, повеќе средства за да може многу повеќе субвенции за промена на начинот на загревање, да се вложува во еколошки и зелени решенија, напуштање на користење на фосилни горива, користење на сончева енергија, топлотни пумпи, енергетска ефикасност во изградба.

Да се стопира непланското градење – заради повеќе фактори кои влијаат на загадувањето – пренаселеност, стопирање на природните струења на воздух во котлината, немање капацитет со справување на отпад, дополнителен сообраќај. Секоја слободна површина треба да биде претворена во зелена површина – не се потребни скапо уредени паркови со бекатонски урбани елементи, доволно е само трева и дрва.

Дивата депонија Вардариште која е огромен извор на загадување мора под итно да биде исчистена, обебедена и да се почне со нејзино рекултивација и претварање во зелена површина, истото важи за сите др сметилишта, напуштени и деградирани области во градов.

Построги критериуми за сите регистрирани загадувачи, инспекции и казни, откривање на нерегистрираните и нивно затворање/отстранување и санкционирање         .

Непречено носење на сите закони со кои касниме и за кои веќе сме опоменати во последниот извештај од Европската Комисија но и нивна доследна имплементација.

Што е главен проблем – недостиг на средства за оваа област или немање на политичка волја?

– И едното и другото, но со самото тоа што нема политичка волја нема и доволно средства, мислам дека проблемот е и што се нема доволно познавање за комплексноста на проблемот. За оние па кои се на позиции и треба да почнат да го решаават комплексноста па е изговор за негово нерешавање, наместо да се излезе со похрабри и посеопфатни решенија  и рокови колку и до кога, имаме само пр кампањи и решенија до следните избори. Ваквиот начин на потценвање на овој проблем ни носи огромни загуби не само во поглед на губење животи, матријални штети како последица на тоа но и индиректно со дополнителните средства што ќе се потребни за отстранување на последиците, зошто најголемата штета од целата наша неодговорност и негрижа ја правиме кон идните наши генерации.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Срамежливо и со донатори поднасадија некое дрвце, но ќе ги сочуваат ли?

Next Post

Со многуте скапи службени возила ли ќе се пренесуваат пациентите?

Реклама