Dark Mode Light Mode

Кафе-барот „Интермецо“ ја отстранил пломбата и продолжил со работа и покрај забраната

Кафе-барот „Интермецо“ продолжил со работа и покрај забраната од 30 дена што ја изрече Општина Центар заради бучава.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, објави на „Фејсбук“ дека по извршените контроли на кафе-барот „Интермецо“, вчера вечер, било утврдено истиот продолжил со работа и покрај изреченото решение и забраната за работа од 30 дена.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10222578650562521&set=a.10200364500462652&type=3

Реклама

„Пломбата поставена на влезот на локалот е отстранета што согласно членот 389 од кривичниот законик, претставува кривично дело казниво со парична казна или со затвор до три години“, напиша Богдановиќ.

Тој најави дека Општина Центар до надлежните органи ќе поднесе кривична пријава за симнување на службен печат.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ако пациенти доцна оделе на клиниките, време е Филипче да каже зошто е така

Next Post

Арсовски: Семејната фирма на Бочварски добила тендер еден ден откако тој стана министер

Реклама