Dark Mode Light Mode

Нова тура новинари – портпароли на државна плата

Четири новинарски имиња во последниот период од своите редакции си заминаа во државната администрација на позицијата на портпароли или одговорни во секторите за односот со јавноста на институциите. Прво беше обелоденет трансферот на новинарот на Македонската телевизија Душко Арсовски на позицијата портпарол на Владата а вчера се информираше за уште три трансфери.

Кети Гетева, новинарка и уредничка од Алфа ТВ, од вчера е ангажирана во Министерството за здравство, како одговорна на Секторот за односи со јавноста. Но, таа нема да дава изјави за медиумите туку тоа ќе продолжат да го прават министерот, директорите на клиниките, на центрите за јавно здравје и останатите здравствени установи. Новинар и уредник. Александар Видиновски од Канал 5 ТВ премина во Министерството за правда, на работно место портпарол и посебен советник за односи со јавноста на министерот Бојан Маричиќ.

Во Министерството за внатрешни работи, пак, се вработи Гоце Андреевски, кој на јавноста ѝ е познат како водител и новинар од Телма ТВ. Во последната недела тој неколку пати се појави со изјави пред логото на МВР.

Реклама

Сите тие ја зголемија бројната листа на новинари, кои особено по избори нагрнуваат во многуте државни институции.

Значи, четири нововработени во државната администрација кои платите натаму ќе ги добиваат од државен буџет. А премиерот Зоран Заев упорно ветува дека ќе оствари намалување на гломазната државна администрација за цели 20 проценти. Ако продолжат со нови вработувањата можеби ветувањето ќе се смени и на крајот ќе се случи ново зголемување на административците за 20 проценти…

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Три години од мандатот на Шилегов: Неизградениот тунел под Кале е најубав неизграден тунел во светот

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозно е власта да му даде награда „13 Ноември" на Караџовски  

Реклама