Dark Mode Light Mode

За многумина во Скопје возењето без возачка е хоби

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден полицијата изрекла вкупно 557 санкции, меѓу кои 52 за возење без возачка дозвола, соопшти денеска МВР.

-Имало и 93 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 59 мерки за технички неисправни возила и 16 санкционирани мотоциклисти. Изречени се 93 мерки за непрописно паркирање, а 70 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информира МВР.

Да се надеваме дека полицијата ќе биде уште поревносна и ќе го искорени поголемиот дел од сообраќајната некултура. Опасно е што на многумина им стана хоби да возат без возачка дозвола, да возат пребрзо, да не распознаваат бои на семафорот…

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Вело Марковски: Ова сега можеби e почеток на епидемија, а носењето маска на отворено е штетно

Next Post

Неексплодирана бомба од Втората светска војна пронајдена на нива во Кичевско

Реклама