Dark Mode Light Mode
Обвинение за поранешниот градоначалник​ на општина Чашка
ПМ10 „прскаат“ на мерните станици, Градот се чуди што новинарите прашуваат за загадениот воздух
„Киненова“ продолжува со филмски проекции до крајот на ноември

ПМ10 „прскаат“ на мерните станици, Градот се чуди што новинарите прашуваат за загадениот воздух

Веќе неколку дена скопскиот воздух после 19 часот мириса на запалени дрва односно како нешто да гори. Особено се чувствува во населбите Аеродром и Кисела Вода. Објаснување од надлежните нема, ама има докaзи за висока загаденост.

Имено апликацијата Мој воздух синоќа измери неколкукратно повеќе ПМ10 во воздухот, во споменатите општини, но и во Карпош и мерната станица во Маџари, Гази Баба. Најголема загаденост имаше Карпош, 133, потоа Аеродром, 118, Кисела вода 105 и Маџари 101 микрограми на метар кубен ПМ10 честички.

Скопскиот градоначалник вчера ги искара новинарите дека за загадувањето не требале да поставуваат прашања, оти се подразбирало дека Градот има стратегија по која работеле. Ама не ја откри која е:

Реклама

-Навистина сум изненаден од ваквите прашања. Веројатно знаете дека битката со загадувањето не е битка која што ад хок ја стартувате и ад хок ја прекинувате. Таа е перманентна и ние во текот на овие три години превземаме мерки кои што даваат број на намалени загадени денови, вели градоначалникот Петре Шилегов.

Во меѓувреме, граѓаните чекаат да им бидат земени стартите печки од домовите како што вети градоначалникот, но епилог нема. Чекаат и 50 проценти намалено загадување кое исрто така беше ветено. Чекаат…

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Обвинение за поранешниот градоначалник​ на општина Чашка

Next Post

„Киненова“ продолжува со филмски проекции до крајот на ноември

Реклама