Dark Mode Light Mode

Сакал да спречи тепачка, завршил со тешки повреди на скопските клиники

Во обид да спречи напад врз едно лице вчера во Кичево физички е нападнат Б.Х.(22) од тетовското село Боговиње, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар во Скопје, соопшти денеска полицијата.

Инцидентот се случил кога две лица нападнале еден дваесетгодишник.

-Вчера во 18.30 часот, пред угостителски објект на бул.„Ослободување“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Х.К.(56) и Л.К.(23) врз Л.Х.(20), сите од Кичево информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Реклама

Тој додаде дека лицето Б.Х. (22) се обидело да го смири инцидентот, но притоа настрадал и сега е на лекување во Скопје.

-По целосно расветлување на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава, објаснува Димоски.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Кошаркарите побараа одговор најдоцна до среда, Антиќ ќе им го даде во четврток

Next Post

Филипче бара мерките за заштита од Kовид-19 итно да се донесат, опозицијата има и свои предлози

Реклама