Dark Mode Light Mode
Алармантно, не запира црниот биланс: Шест починати и 386 новозаразени од вирусот
Борисов: Вознемирен сум од вклучувањето на ОМО Илинден и на македонското малцинство во Бугарија во резолуцијата на ЕП
Центар, Аеродром и Карпош со денови со најмногу заболени од вирусот

Борисов: Вознемирен сум од вклучувањето на ОМО Илинден и на македонското малцинство во Бугарија во резолуцијата на ЕП

Би било грев пред историјата ако Бугарија и С. Македонија не успеат да најдат компромисТреба само да ја направиме историјата мост на пријателството и блискост, а не урнат мост преку кој Р.С. Македонија не може да помине, порача бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната средба со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи.

Тој потенцира дека не треба да има политички игри и дека сегашните перспектива и момент се исклучително важни. Во однос на денешната Резолуција на Европскиот парламент Борисов рече дека е „многу вознемирен“.

– Многу сум вознемирен за вклучувањето на ОМО Илинден и на македонското малцинство во Бугарија во резолуција во Европскиот парламент. Ова е  една политичка резолуција на Европскиот парламент. Ова во никој случај не е корисно во овој момент кога бараме компромис – и за историчарите и за нашите политички партнери во С. Македонија во Скопје, за да се најде решение за ова прашање. Не знам од каде дојде ова. но е факт, додаде тој.

Реклама

За потсетување, европратениците во резолуцијата ги повикуваат бугарските власти на спроведување на релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права, при што се наведени меѓу другото и пресудите кои се однесуваат на неможноста на македонското непризнато малцинство во Бугарија да регистрира свое здружение или политичка партија.

Инаку, на средбата Бујар Османи, пак, изјави дека имаме Договор за пријателство кој нѐ обврзува и на политичка и на експертска соработка.

Само преку отворен, искрен и позитивен пристап во соочувањето на историските факти со денешната реалност, можеме да ги надминеме разликите и да ги идентификуваме заедничките точки кои нѐ поврзуваат, рече Османи.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Алармантно, не запира црниот биланс: Шест починати и 386 новозаразени од вирусот

Next Post

Центар, Аеродром и Карпош со денови со најмногу заболени од вирусот

Реклама