Dark Mode Light Mode

Младите нека остануваат во Македонија, тие отидоа во Вашингтон и во Виена

„Мораме да одиме напред за младите да останат овде…“, една е од изјавите на времето кога, пред две години, Драган Тевдовски ја извршуваше функцијата министер за финансии како претставник на СДСМ. Тоа е период во кој советник му беше Бранимир Јовановиќ, период во кој се форсираше примената на прогресивниот данок и на другите економски мерки зад кои стоеше овој тандем на експерти по финансии.

Овој експертско-политички тим имаше повеќе економски цели меќу кои и задржувањето на младите луѓе во Македонија, запирањето на вистинскиот егзодус кој се случува кога е во прашање нивното заминување во странство. Но, ете, од неодамна тие заминаа во странство: Тевдовски е на работа во Вашингтон, Јовановиќ во Виена.

Поминаа неколку денови но уште е тешко да се протолкува нивниот потег. Главниот им концепт за прогресивен данок брзо беше променет со поранешното рамно одданочување. Но, нели младината треба да остане овде и да работи за подигање на Македонија? Или пак веќе не одиме како држава напред како што посакуваа експертите?

Реклама

Секако тука има и уште едно прашање: како тоа овие двајца не се добри за власта, а се добри за Вашингтон и за Виена?

Скопјани се разочарани од ваквите постапки, но и не жалат многу по заминатите кадри.

-Си отиде од Македонија бившиот министер и неговиот експерт, но не загубивме многу, штом не сакаат да останат во својата земја и да се борат, нека ги учат сега странците за економија, стои на еден Фејсбук пост.

-Редеа патики, кондури, кломпи пред влада, жалеа за младите кои се иселиле, говори држеа како ќе ги бранеле….. Први избегаа…, напиша граѓанин на Твитер.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

МТСП: Состојбата на Илче беше стабилна, смртта синоќа настапила ненадејно

Next Post

Загрижувачко: 15 возила за јавен превоз на патници имале неисправни сопирачки, волани...

Реклама