Dark Mode Light Mode
Пријава против 19-годишник од Скопје поради обид за убиство
Дали трите нови возила на „Дрисла“ ќе ги исчистат депониите кај Маџари, Карпош, Ѓорче Петров, на кеј на Вардар…?
Со „Говорна маана“ МНТ ги отвора вратите за публиката

Дали трите нови возила на „Дрисла“ ќе ги исчистат депониите кај Маџари, Карпош, Ѓорче Петров, на кеј на Вардар…?

Едно теренско и две товарни возила купило јавното претпријатие „Дрисла“. Како што и самите објавија, договорот е вреден 5.407.096 денари со вклучен ДДВ. Директорот Коста Начевски објаснува дури и на кој начин се набавени возилата, односно дека тоа е направено на лизинг и се очекувало да пристигнат оваа или најдоцна наредната недела.

Но она што Начевски не објасни е:

-Дали оваа набавка ќе значи дека сега „Дрисла“ има повеќе товарни возила ќе помогнат да не се остава ѓубре на дивата депонија „Вардариште“, во среде град, кај Маџари или само за во депонијата се?

Реклама

-Дали и други диви депонии конечно ќе исчезнат како оние помалите, на кејот на Вардар, во Ѓорче Петров, Карпош…?

Кога се дозна дека „Дрисла“ ќе набавува возила, за време на вонредната состојба, остро реагираше опозицијата. Апелираа дека трите возила не се итна потреба во состојба кога државата е во економска криза. Начевски тогаш објасни дека „Дрисла“ располагала со два камиона што не биле во возна состојба.

Сега останува теоретски и на терен, скопјани да видат дека набавката на скапите возила навистина ќе им овозможи на граѓаните почисто Скопје, како што постојано се ветува.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пријава против 19-годишник од Скопје поради обид за убиство

Next Post

Со „Говорна маана“ МНТ ги отвора вратите за публиката

Реклама