Dark Mode Light Mode

Повредена жена откако автомобил удрил во срна на патот Тетово-Скопје

Со повреди се здобила сопатничка во патничкото возило „Рено“ кое вчера попладне удрило во срна на автопатот од Тетово кон Скопје.

СВР Тетово информира дека несреќата се случила во 17 часот и 30 минути во близина на исклучувањето за Групчин.

-Патничко моторно возило „Рено сеник“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот З.С. од скопско Волково, удрило и усмртило срна која се движела по коловозот. При тоа, со телесни повреди се здобила сопатничката во возилото Д.З.(49), која била пренесена во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош – информираат од СВР Тетово.

Реклама

По пријавата на случајот извршен е и увид од страна на екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Што ќе дознаеш од информативните табли низ Скопје?  

Next Post

Браво, македонски информатичари со три бронзи на Интернационалната олимпијада по информатика

Реклама