Dark Mode Light Mode

40 илјади деца во Македонија немаат компјутери за да следат онлајн настава

Денеска беше презентирана Националната платформа за онлајн учење. Но многу деца во Македонија немаат компјутер, па затоа училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца кои немаат техничка опрема за следење на онлајн наставата.

-Тоа е затекната состојба, која не може да се надмине во период од еден месец. За тие деца ќе имаме часови кои ќе бидат поставени на Националната телевизија, на каналите коишто се веќе обезбедени и преку нив тие ќе може да бидат изложени на информациите коишто треба да ги добијат во училиште, истакна денеска министерката за образование Мила Царовска.

Тие деца исто така ќе бидат подложни на оценувањето во училиштата.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Промовирана Националната платформа за онлајн – учење: Наставници и ученици во директна комуникација

Next Post

Починаа 8 пациенти на возраст од 39, 48, 56, 62, 63, 65, 69 и 83 години, новозаразени се 144 лица

Реклама