Dark Mode Light Mode

Возете велосипед, тоа носи многу бенефити

Низа активности за промоција и поддршка на алтернативните форми на мобилност со посебен акцент на поддршка на велосипедизмот во наредните седум дена ќе реализира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Активностите се во рамките на „Европска недела на мобилност”, односно кампања која  на иницијатива на Европската комисија, се спроведува секоја година,  во периодот од 16 до 22 септември.            

Кампањата има за цел промоција на алтернативни форми на мобилност како што е пешачењето, велосипедизмот и користењето на јавниот превоз.

-Возењето на велосипед, или велосипедизмот, како алтернативно превозно средство носи со себе многубројни бенефити,- персонални, економски, социјални, еколошки и многу други. Како резултат на сите овие бенефити, луѓето сѐ повеќе ги заменуваат своите автомобили со велосипеди како начин на мобилност и транзитирање до посакуваната дестинација, се наведува во обраќањето на РСБСП.

Реклама

Истражувањата покажуваат дека во измината деценија бројот на луѓе кои патуваат до своето работно место со велосипед, континуирано се зголемува од ден на ден и позитивно е оваа појава да продолжи и во иднина. РСБСП потенцира неколку клучни придонеси кои ги носи возењето велосипед: здравствени, еколошки и финански бенефити, како и безбеден и протечен сообраќај.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Со што Мицотакис ќе го почести Заев на денешниот ручек?

Next Post

Закани кон семејството на Апасиев, тој најави кривични пријави

Реклама