Dark Mode Light Mode

Дали парламентарното мнозинство ќе одлучи дека ќерката е постара од мајката?

Македонското собранието денеска ја почна седницата на чиј дневен ред е изборот на составот на работните тела на Парламентот. Несогласувања има околу тоа дали тоа е можно во моменти кога не се донесени други акти кои според опозицијата морало претходно да се донесат.

Пратеникот Антонио Милошоски ја повтори забелешката која ја изнесе и на Комисијата за прашања на изборите и именувањата дека оваа Комисија не може да дава предлози за персонален состав на другите собраниски комисии бидејќи, како што посочи, Собранието претходно на парламентарна седница не донело одлука за нивно основање и за дефинирање на надлежностите.

И пратеникот Димитар Апасиев по тој повод уште пред седницата реагираше на социјалните мрежи:

Реклама

– Денес, во Собранието на РМ, мнозинството ќе донесе ОДЛУКА дека ќерката е постара од мајката! (*прво ќе пополнува персонален состав на комисии, а потоа ќе ги формира комисиите), напиша Апасиев.

Дали дневниот ред ќе биде изменет или мнозинството ќе си тера по свое толкување на работите, ќе видиме во текот на денот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Растрчани инспектори откако истече јаловина од рудникот Саса

Next Post

Починаа 4 пациенти на 57, 57, 74 и 77-годишна возраст, новозаразени се 37 лица

Реклама