Четири метри е длабока и неколку метри долга дупката која денеска ја откриле градежниците кои работат на реконструкцијата на скопскиот булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда. Таа се наоѓала веднаш под слојот на асфалтот и вистинско чудо се како досега во неа не пропаднало некое од бројните возила кои секојдневно поминуваат по оваа прометна сообраќајница.
Фотографии од состојбата на терен попладнево сподели градоначалникот Петре Шилегов велејќи дека е среќа што досега улицата не продаднала.
-Кога некоја инфраструктура не се одржувала повеќе од 40 години, тогаш изгледа за жал дека е многу нормално при реконструкција да наидете на дупка длабока 4 метри. Само среќа ги чувала сите кои поминувале по булеварот Александар Македонски, а патот не пропаднал. Веќе започнавме со санација и нема да доцниме со реконструкцијата, напиша Шилегов на неговиот фејсбук профил.
Реконструкцијата на оваа сообраќајница почна неодамна и работниците денеска работеле на гребењето на горниот слој од асфлатот.