Dark Mode Light Mode

Се уште се чека платформа за онлајн настава, ама се ветува дека ќе е лесна за користење

Одамна помина 1-ви септември, но во Македонија наместо да почне учебната година се уште се чека изработката на национална платформа за онлајн настава. Ако е за утеха се најавува дека ќе била лесна за користење.

динствената национална платформа за онлајн настава ќе биде лесна за користење и за наставниците, учлениците и родителите, но и од страна на образовните институции, најави денеска министер за образование Мила Царовска. Таа рече дека ова платформа наскоро ќе биде промовирана.

– Она на што веќе го работам изминатите десеттина дена како итно и неодложно е воведување комбиниран модел за настава што дава можност за брзо прилагодување на училиштата за настава со физичко присуство и/или онлајн настава, како и за започнување на учебната година на 1 октомври. Пандемијата со Ковид-19 покажа колку е важно образовниот процес и систем да се менува и приспособува и осовременува постојано и токму тоа го правиме денес, рече Царовска.

Реклама

Таа истакна дека во Македонија првпат ќе има ваква платформа која, како што потенцира, ќе биде едноставна за користење со двонасочна комуникација и направена на основа на добри практики.

 –Ќе се користи и во време на ковид и но секако ќе биде важно да се појавува како поддршка на учењето во училница понатаму и надвор од неа, истакна министерката за образование и наука.

Инаку, нејзини приоритети во наредните 4 години ќе биле квалитетно образование за сите деца, еднаквост, воспитување и образование во духот на мултикултурализмот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

5 средни училишта и 21 основно побарале настава со физичко присуство

Next Post

Починале тројца пациенти од вирусот, новозаразени се 121 лице

Реклама