Dark Mode Light Mode

Двајца потешко повредени во сообраќајка кај новиот мост на Брегалница во Штип

Двајца мажи се потешко повредени откако со возило излетале од коловозот пред новиот мост на реката Брегалница во Штип по што со возилото паднале на пеашачката патека и се удриле во дрво.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова потврдува дека несреќата се случила во 15 часот во близина на новиот мост на реката Брегалница во Штип.

Според очевидци возилото опел астра се движело од штипската наслеба Сењак кон новата обиколница.

Реклама

Велат дека среќа е што во моментот кога возилото слетало од коловозот немало рекреативци на пешачката патека која што секојдневно штипјани ја посетуваат и пешачат на неа покрај реката Брегалница.

Штипските пожарникри се повикани да интервенираат при вадењето на двајцата мажи од автомобилот.

Откако се извадени од возилото се хоспитализирани во {типската клиничка болница.

Според првичните информации, нивната здравствена состојба е сериозна со тешки повреди.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Се превртел со автомобилот: Скопјанец повреден и префрлен во болница

Next Post

Независноста на Македонија треба да се чува, а не само да се слави

Реклама