Dark Mode Light Mode

Притворен скопјанец кој во Куманово продавал хашиш

Во притвор е ставен 45-годишен скопјанец откако е осомничен дека на подрачјето на Куманово продавал дрога хашиш.

– Осомничениот, на 1 септември, на локалниот пат село Никуштак – Куманово, во атарот на селото Никуштак, неовластено заради продажба држел наркотична дрога хашиш. Тој на наведената локација застанал и излегол од својот автомобил, при што во неговата десна рака држел две најлонски пакувања во кои имало хашиш со вкупно нето маса од 306,24 грама. Во тој момент бил затекнат од полициски службеници кои извршиле личен преглед и ја пронашле и ја заплениле дрогата, се наведува во соопштението на Основното јавно  обвинителството од Куманово.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

И во Скопје одбележана 75-годишнината од завршувањето на Втората светска војна

Next Post

Чисто Скопје не се прави со скапи коли, туку со комунални инспектори кои на секој чекор ќе казнуваат

Реклама