Dark Mode Light Mode

Шилегов: Годинава ме нема каснато комарец

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов не ја дели судбината на многубројните скопјани кои годинава се искасани од комарците против кои не помагаат неколкуте прскања што досега ги направи Градот Скопје. Градоначалникот денеска изјави дека тој не доживеал непријатности со овие инсекти. На новинарското прашање дали досега доживеал убоди од овие инсекти, одговори вака:

-Годинава не. Јас живеам во Тафталиџе немам слушнато дека имаме проблем, барем во соседството во коешто јас живеам, рече Шилегов.

За разлика од него, во изминативе недели многубројните граѓани на социјалните мрежи објавуваат фотоси на кои се гледаше како се искасани од комарците.

Реклама

Шилегов е убеден дека состојбата со комарците веќе е ублажена и по петокот, кога ќе заврши прскањето против возрасните комарци, да заврши и маката на скопјани.

-Постапката, процедурата, начинот и средствата се работа која ние со заводот за јавно здравје ги добиваме до 31 јануари секоја година. Таму се определени местата, локациите, квалитетот на средството и периодите во кои се врши прскањето против комарци и ние сме должни согласно законски прописи на тие упатства да се придржуваме. Не можеме ние да ги дигаме авионите и да прскаме секогаш кога мислиме дека тоа треба да го направиме. Целта на комарците не е уништување туку редуцирање на нивниот број, рече Шилегов.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

United Grоup има најбрза мобилна мрежа во Европа

Next Post

Училиштата до 10 септември треба да достават барања за настава со физичко присуство

Реклама