Dark Mode Light Mode

Апасиев и Крмов: Зошто на влез ни мерат температура кога и болен пратеник пуштија да влезе во Собранието?

Пратениците на „Левица“ негодуваат што синоќа во Собранието на РМ, биле прекршени сите безбедносни протоколи за заштита на јавното здравје. Имено, Димитар Апасиев и Борислав Крмов укажуваат дека преку противправно внесување на суспектен или заразен пратеник, беше ставено под огромен ризик здравјето на сите пратеници.

-За ова некој треба и мора да одговара, напиша Апасиев на „Фејсбук“.

-Вечерва владеачкото (во тој момент уште неизгласано) мнозинство внесе пратеник во Собранието на Република Македонија, болен или сомнителен на Covid-19, само неколку минути пред полноќ! Во непозната просторија само за да гласа. Бевме известени буквално 2 минути пред гласањето за избор на Влада. Неколку работи ме интересираат:
-Ако и болен со треска може да влезе во Собранието зошто тогаш на влез на сите ни мерат температура?
-Дали службите мене или било кого од опозицијата ќе не пуштеа внатре во Собрание, ако имавме температура или било какви симптоми исто како него?
-Ако не, тогаш како е тој пратеник над другите 119 пратеници?
-Дали ако во иднина 2, 5, или 10 пратеника од владејачкото мнозинство заболат од Covid-19 планираат да ни ги носат во Собранието по непознати простории да гласаат, само да се одржат на власт?
Владата му диригира на Собранието што сака и е спремна здравјето на сите пратеници и собранискиот персонал да го стави на ризик само за да продолжи да владее. Се соголивте уште првиот ден, напиша Крмов.
Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев побрза да седне во фотелјата, Спасовски отиде да седне на друга

Next Post

Борисов брзо го потсети Заев на нивниот договор, историско-образовните прашања...

Реклама